Во култниот кафе бар „Ван Гог“, денеска беше промовирана книгата „300 000 километри мотоавантура“, на хрватскиот авантурст и вљубеник на две тркала Жељан Ракела.
Авторот на книгата раскажува за интересни, поучни, возбудливи и несекојдневни моменти и доживувања врзани за авантурите со мотор, а книгата како што вели ја има посветено на најблиските од семејството, но и на загинатите моторџии.
Ракела за 7 години со 1 мотор имал поминато 5 континенти. Возел и по мраз и по пустински песок, а неговата порака е дека не мора да си моторџија за да го почувствуваш ветрот низ косата , ниту авантурист во потрага по бескрајноста.
Меѓу присутните во Ван Гог, беа членови и од мото клубот „Ноќни Волци“ кои децении наназад покажуваат дека мото културата претставува животен стил и бренд кој не се купува, не се наследува, туку заслужува.
Настанот го одбележаа и брачната двојка Митреви, која во наредните година дена, има зацртано цел да го обиколи светот на две тркала, пренесувајќи ја пораката: „прегратка, место вода, храна и мир.
Тони и Силвана Митрев од Скопје, моторџии од мото клубот „Ноќни волци“, на 25 март започнуваат хумана мото тура околу светот, нивното мото е „Прегрни го светот“. Планирано е оваа обиколка со мотор околу светот да трае 14 месеци.
Љ.Владимиров