Во среда (6 декември) со почеток во 22 часот, во ноќниот клуб „Станица 26“ ќе настапи „Хагис хорнс“ од Британија. Седумте џез музичари ќе се претстават со авторска музика која е комбинација на брејкбит-фанк, хип-хоп, афро-бит и џез. Овие музичари досега соработувале Џамирикуај, Џон Леџенд, Ејми Вајнхаус, Тејк Дет, Роби Вилијамс, Морчиба, Дуран Дуран, Адел, и други.
Од 2004 година имаат издадено четири студиски албуми и преку десет синглови.