Популарното аргентинско радио-шоу „Дискорама“ дел од емисијата овој викенд ќе ја посвети на македонскиот џез-музичар Владимир Четкар. Тој е најавен како мултиталент, музичар, вокалист и продуцент кој соработувал со многу светски музичари во својата кариера.
„Почестен сум што ова фантастично радио-шоу одвојува време за мене и за мојата музика“, рече Четкар.
„Дискорама“ се емитува секоја сабота во 22 часот на фрекфенцијата на Радио култура од Буенос Аирес. Во предходните две изданија гости беа популарниот британски асид-џез состав „Инкогнито“ и Ники Сиано, легендарен њујоршки диџеј и резидент во дискотеката „Студио 54“.