Од 6-ти до 8-ми јули, во Дојран ќе се одржи музичкиот „Д фестивал“. Организаторите досега ги најавија Disciples, Fink, Горан Трајкоски, Дуке Бојациев, Who See, Riot Days by PussyRiot Theatre, Koala Voice и Пол Ван Дајк за отворањето на фестивалот.
Од „Пасворд продукција“ велат дека ова се три дена резервирани за фестивалската слобода. Тие очекуваат неколку илјадници пријатели, преку 100 изведувачи кои ќе настапат на 4 бини, а ќе биде отворен и камп за беспрекорно одвивање на единствениот летен open-air музички фестивал во Македонија.
Билетите за „Д фестивал“ чинат 600 денари.