Дадо Топиќ ги прекрсти сестрите Тамара и Тијана

Специјален гостин на 21. „Златна бубамара“ беше Дадо Топиќ. Музичарот ќе си замине во Хрватска со уште една статуетка од оваа музичко-сатирична манифестација. Наградата на Дадо му ја додели виртуозот на гитара, Влатко Стефановски.

Дадо, возбуден заради наградата, ѝ го згреши името на Тамара Тодевска, па ја повика на сцената „Тамара Дапчевиќ“. Двајцата, за мера на публиката, ја испеаја насловната песна од југословенската хит-серија „Подобар живот“.

 

Scroll to Top