Дани и Миле Кузмановски на „Три круши“

На локалитетот „Три круши“ во Драчево викендов ќе се одржат три концерти во рамките на културното лето на општина Кисела Вода. Вечерва (четврток) концерт ќе одржи Александар Митевски, а по неговиот концерт диџеј сет ќе има диџеј Фичо.

В петок со својот бенд ќе настапи Дани Димитровска, а в сабота концерт ќе има фолк-пејачот Миле Кузмановски. Сите концерти почнуваат во 20 часот, а влезот е бесплатен.

Scroll to Top