Дарко Рундек ќе настапи на „Скопје колинг“

Дарко Рундек ќе настапи вториот викенд на „Скопје колинг 2018“. Тој ќе одржи концерт истата вечер со шкотскиот бенд „Тексас“.

„Огромно задоволство ни е да најавиме дека еден од најголемите фаворити на сите времиња од ексјугословенските простори на канцеларијата на ‘Авалон продукција’, ама и на македонската публика, Дарко Рундек, ќе настапи со својот бенд со најголемите хитови“, истакнаа од „Авалон“.

Рундек ќе одржи концерт на 23 јуни. Сите детали околу билетите организаторите ќе ги објават на 6 март.

Scroll to Top