Дарко Рундек одличен на „Скопје колинг“

На стадионот на АРМ вчеравечер се одржа третата вечер од големиот музички фестивал „Скопје колинг“. Пред македонската публика двочасовен концерт одржа хрвартскиот музичар Дарко Рундек со својот бенд. Публиката го пречека и испрати Рундек со огромен аплауз, како и секогаш задоволна од неговиот уникатен настап. Хрватскиот рокер повторно ги испеа своите најголеми хитови, свиреше на гитара, постојано комуницираше со публиката.

Како загревање за Рундек публиката го слушна скопскиот бенд „Саундеџ“.

Вечерва е четвртата вечер од фестивалот во организација на „Авалон продукција“. Главна ѕвезда на затворањето ќе биде еден од најпопуларните светски диџеи, Алан Вокер.

Фото: Стефан Рајхл

Scroll to Top