Македонскиот музички уметник Џијан Емин на 24 март ќе настапи во Мец, Франција, како диригент на Националниот оркестар де Лорен, заедно со легендарниот диџеј и еден од пионерите на детроитската техно-сцена, Дерик Меј. На концертот ќе гостува атрактивниот композитор и пијанист од Луксембург, Франческо Тристано.
Проектот е најавен како еден од најинтересните во последно време во францускиот град, кој ќе се обиде да ги замагли границите помеѓу двата универзуми – електронската и класичната музика, а кои се чини се спротиставени.
Првата концертна соработка на Џијан Емин и Дерик Меј беше во Охрид во Античкиот театар во 2014 година.