„Џипси кингс“ утре во Скопје

Утревечер во ВИП арената „Борис Трајковски“ ќе се одржи второто издание на All You Need Is Love, предновогодишeн концерт во организација на Авалон продукција, на кој ќе настапат „Џипси кингс“. Како загревање за публиката, пред „Џипси кингс“ ќе настапат македонските групи „Баклава“ и „Чалгија саунд систем“.

На прес-конференцијата што се одржа вчера, вокалистките на „Баклава“, Елена Христова и на „Чалгија саунд систем“, Добрила Грашеска, рекоа дека се возбудени што ќе настапат на концертот како предгрупа на толку голем бенд.

Во Скопје „Џипси кингс“ ќе ги испеат своите најголеми хитови, а групата ќе ја предводат Пако и Микаел Балиардо.

Вратите на ВИП арената „Борис Трајковски“ ќе бидат отворени во 20 часот, а концертот треба да започне во 21 часот.

Scroll to Top