Со филмот „Карлос“ во режија на Руди Валдез, посветен на големата гитарска легенда Карлос Сантана, вечерва во 21 часот во киното „Мирно лето“ во Кинотеката, ќе биде означен почетокот на филмската програма на јубилејносто 10. издание на фестивалот „Скопје синема сити“. Документарниот филм на Руди Валдез, „Карлос“, претставува портрет на Сантана и како јавна и приватна личност, од дете во Мексико па се до најголемите стадиони на светот.
Карлос Сантана е легендарна личност во светот на музиката. Познат по својот спој на латино рок и блуз, кои за прв пат ја пленела публиката кај Филмор во Сан Франциско а потоа на Вудсток во 1969 година. Неговиот уникатен звук и импровизирачки стил веќе половина век ги трансцендираат границите.
До 4 јули проекциите на филмовите ќе започнуваат во 20.15 часот во летното кино, а во случај на дожд, проекциите ќе бидат организирани во киносалата на Кинотеката.
„Ова патување започна како визија и страст за музиката и филмската уметност, и денес, по десет години, повторно сме тука“, вели Ненад Георгиевски, организатор на фестивалот.
„Скопје синема сити“ е филмски фестивал на музички документарни филмови. Програмата на фестивалот е поделена во два дела – изложба на фотографии што веќе е отворена во „Мала станица“, како и филмската програма што започнува од вечерва.
Утревечер на програмата ќе бидат „Ајде да се изгубиме: Чет Бејкер“ и „Џо Страмер, Иднината е ненапишана“. Земја во фокус годинава е Полска, а фестивалот ќе организира омаж на опусот на Грегор Брзозович. Авторот ќе биде и гостин на фестивалот, а со него ќе биде организиран и разговор на 3 јули во 21.15 часот.
Последната вечер на фестивалот ќе биде посветена на македонски филмови. Ќе бидат прикажани „Лука“ ворежија Ице Виранов. Ќе бидат промовирани две изданија – „Филмска објектологија“ на Васил Михаил и „Биографија на Тале Огненовски“ на Благојче Трајковски. Ќе биде прикажан и филмот посветен на Огненовски.
Артист во фокус за оваа година е полскиот филмски композитор Збигњев Прајснер кому му е доделена наградата за животно дело.
Во периодот помеѓу 1985 и 1996 година, почнувајќи од филмот No End, Прајснер бил еден од најблиските соработници на Кишловски и заедно работеле на 17 филма. Меѓу познатите филмови што изнедриле исто толку позната музика се мини серијалот „Decalogue“, филмовите „А Short Film About Killing“, „A Short Film About Love“, „The Double Life of Veronica“, трилогијата „Three Colours“.
За филмовите:
„Ајде да се изгубиме: Чет Бејкер“, САД, реж. Брус Вебер, 120 мин
Филмот „Ајде да се изгубиме“ е филм за турбулентниот живот и кареира на џез трубачот Чет Бејкер, кој починал 4 месеци пред филмот да биде прикажан премиерно. Филмот се состои од интервјуа, сесии, архивски снимки и домашни снимки кои режисерот Вебер за да покаже портрет на еден џез музичар чиј живот бил обележан од долго користење дроги.
„Џо Страмер: Иднината е ненапишана“
Филмот на Џулиен Темпл е трибјут на еден од највлијателните и најсаканите британски музичари кој е познат како фронтменот на групата The Clash. Како фронтмен на групата The Clash почнувајќи од 1977, Џо Страмер ги променил животите на луѓето засекогаш со своите песни и политички ставови и пораки. Филмот е снимен 4 години после неговата смрт во 2022 и дава комплетен увид во биографијата на Страмер.
Пријатели со 33 вртежи“ 57 мин
Овој документарец ја раскажува приказната за необичното пријателство меѓу двајца графички дизајнери Рослав Сајбо и Станислав Загорски кое траело преку 60 години. Почетна точка за овој филм е изложба на преку 50 корици за винили и каде овие двајца уметници дискутираат за годините поминати на студии на Академијата за фини уметности во Варшава, Полското школо за постери и нивните соработки со уметници како Кшиштов Комеда, Velvet Underground, Cream, The Clash, Пол Сајмон и Арт Гарфанкел.
„Станислав Сиревич“, 57 мин
Филмот ja раскажува приказнаta за кариерата на Станислав Сиревич, извонреден филмски композитор чиешто творештво е малку познато во Полска. Роден е во советски логор. На 9-годишна возраст е прогласен за клавирско чудо, но по завршувањето на музичката академија го напушта концертирањето. Започнува студии на режисерскиот отсек на театарската
школа во Варшава и компонира, меѓу другото, и хитот “Śpiewać każdy może”. 13 декември 1981 година го затекнува во Париз. За време на егзилот, соработува со Џо Кокер, Маријан Феитфул, глумицата Дајан Китон и бендот The Rolling Stones. Истовремено компонира музика за преку сто филмови во Франција, Велика Британија и САД. Сиревич соработува и со полски режисери (“Папирна брак”, “Тестостерон”, серијата “Дом над разлевiskiem”). Во 1994 година Едита Горњак го освојува второто место на Евровизијата таа година со неговата песна “To nie ja!”. Една година пред тоа, Сиревич ја добива престижната награда Ace Award. Еден ден после гала вечерта треба да започне преговори за работа во Холивуд. Ноќта, во Лос Анџелес, се случува силен земетрес. Се враќа во Лондон, каде што го започнува најплодниот уметнички период во кариерата. На премиерите на филмовите со неговата музика се гости принцот Чарлс, принцезата Дајана и кралицата Елизабета II. Неговите плочи се издаваат ширум светот, а саундтракот за серијата “The Choir” стигнува до третото место меѓу најпопуларните изданија во Велика Британија. Филмот на Брзозович не е само приказна за кариерата на извонреден уметник. Овој филм е и приказна за тешките времиња низ кои минувал главниот протагонист од овој филм и да твори.
Македонска вечер
„Лука“, реж. Ице Виранов, 30 мин.
Лука“ е документарен филм на здружението за култура „Транзен“, во режија на Ице Виранов, според сценарио на Бинева Џејд. Станува збор за филм за млади музичари што бараат начин да ги изразат своите креативни потенцијали. Тројцата се целосно посветени на креирање авторска музика, рок и џез, но и други жанровски стилови. Филмот го документира нивниот креативен набој и развој на иновативни идеи, создавање музички инструменти од отпадни материјали и креирање нови звуци, алтернативни музички композиции на истите инструменти.
„Тале Огненовски“, режија Благојче Трајковски 60 мин.
Тале Огненовски ги поставил темелите на македонската традиционална музика за кларинет и ја оформил рамката за тоа како треба да изгледа македонското народно оро за кларинет. За 100 годишницата од неговото раѓање професорот м-р Благојче Трајковски промовираше книга и документарен филм кои сведочат за животот на Огненовски, бројните награди и признанија, а ги публикува и неговите авторски ора како нотен текст.