Познатата музичка ѕвезда Дуа Липа, неофицијално, ќе има концерт во Скопје пред референдумот на 30 септември. Пејачката наводно доаѓа како поддршка на Македонија во патот кон промена на името и евро-атланските интеграции и настапот е во пресрет на одржување на референдумот за промена на името на Македонија и влез во НАТО.
Преговорите за настапот на Дуа Липа наводно биле при крај, а во план е настанот да се случи неколку денови пред одржување на референдумот. Дуа Липа, која има потекло од Косово, е една од најпопуларните поп-пејачки во светот. Средствата за концертот ќе бидат обезбедени од албанската дијаспора.