Ерос Рамацоти на 30 септември доаѓа во Скопје

Ерос Рамацоти на 30 септември, следната година, доаѓа во Скопје за да одржи концерт, соопшти Авалон продукција.

Концертот ќе биде во рамките на неговата светска турнеја „Vita ce n`e’“ , во 2019 и ќе ги опфати сите континенти и ќе се одржи во ВИП Арената.  Во Скопје, доаѓа со комплетно своја продуцкија.

Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба онлајн само преку тикет системот на „Авалон Продукција“, а исто така ќе има и продажна мрежа која ќе биде објавена наскоро.

„Концертот на Рамацоти во Македонија е најексклузивен во цела Европа, исто како што беше и концертот на Стинг, ако се земе во предвид капацитетот на салата“, велат од Авалон.

Scroll to Top