Панчо и Андреј од групата „ДНК“ завчеравечер на терасата на хотелот „Парк“ во Скопје ги промовираа своите 16 години на македонската естрада. Беше промовиран новиот албум The best off со 22 најпопуларни хита од претходните три цедиња и новата песна „Дијамант“, како и спотот снимен за неа.
На промоцијата на ДНК беа нивните пријатели, музички колеги, нивните фанови. Беше промовирано и нивното ДВД од концертот одржан лани во арената „Метрополис“ во Скопје, по повод нивниот јубилеен роденден – 15 години „ДНК“.