Фестивал на адреналински авантури во Крушево

Од 30 јуни до 1 јули во Крушево ќе се одржи второто издание на фестивалот на адреналински авантури, When in Krusevo. Според организаторите, тоа ќе биде викенд со многу активности и забава на отворено, на над 1000 метри надморска висина. Ќе се одржуваат спортски настани и тури – мала и голема планинарска и велосипедска тура, планинска трка, кајак авантури, тандем параглајдинг, кросфит, нуркање за почетници и уште многу други активности.

Ќе има и зона за игри и забава за најмалите, ботаничка тура за повозрасните, а учесниците на фестивалот ќе може да ги посетат и Македониумот, Спомен куќата на Тоше Проески и Галеријата на Никола Мартиноски. За најголемите авантуристи е организирана камп-зона покрај крушевското езеро со тоалети и тушеви. Организаторите најавија концерти на Игор Џамбазов и Гуру Харе, Бета хаус бенд и Inner Circle од Јамајка.

 

Scroll to Top