Фестивалот „Валандово“ пак се враќа на пролет

На 24 и 25 мај ќе се одржува 33. фестивал на народна музика „Фолк-фест Валандово“, кој по две години одржување наесен, повторно се враќа во пролетен термин.

Првата вечер ќе биде ревијална и ќе настапат тројца автори кои се најизведувани на валандовскиот фестивал – Григор Копров, Миле Барбаровски и Љупчо Трајковски-Фис. Тие ќе бидат претставени со по четири нивни композиции. Втората вечер е натпреварувачка и ќе бидат изведени 19 песни. Ќе настапи оркестар со едуцирани музичари од ФМУ, кои сега се членови на оркестрите во МОБ и Филхармонија.

Новини има во начинот на гласање, така што во одлуката за наградите со 60 проценти ќе учествува жирито, а 40 отсто публиката. Овој пат се враќа и учеството на публиката во наградување на композициите. Износите на наградите се драстично намалени од претходно па така првата награда ќе биде 1 500 евра, втората 1 000 евра и третата 750 евра. Жирито ќе има седум члена, а се исфрла телевоутингот како начин на гласање. Во периодот на гласање концерт ќе има босанската фолк-пејачка Ханка Палдум со нејзиниот оркестар.

Scroll to Top