„Фолк-фест Валандово“ на 24 и 25 мај

Најреномираниот фестивал на фолк-песни, „Фолк-фест Валандово“, ќе се одржи на 24 и 25 мај. Нов уметнички директор е Живоин Глишиќ, кој на прес-конференцијата најавил дека годинава нема да се доделуваат високи награди за победниците. Тој смета дека високите суми го срушиле фестивалот.

На прес-конференција градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, истакнал дека фестивалот мора да го врати сјајот како најреномиран фестивал на македонската новокомпонирана песна.

Конкурсот за новокомпонирани композиции ќе биде отворен до 28 февруари.

Scroll to Top