Вчеравечер во Штип заврши „Макфест“. Антонија Гиговска е победник на фестивалот на забвани мелодии. Втор се пласира Роберт Билбилов, а трета е Дани Димитровска. Освен музиката и модата и модните креации со кој настапија натпреварувачите секогаш привлекувале внимание.
Оваа година „Макфест“ беше некако во знакот на долгите едноставни фустани кои слободно паѓаат по телото , а помалку куси здолништа, тулови и чипки. Освен долгите фустани, помеѓу фустаните со шарен дезен и по некое секси кусо здолниште, беа и костумите со „лептир“ машни или кежуал варијанта за која се решија пејачите.