(Галерија) Хрватска под хипноза, чекаат финале

Хрватска е во фудбалска треска, сите во земјата како да се хипнотизирани пред финалето на Мунијалот, што ватрените ќе го играат против Франција. Дуќаните во цела земја затворија во 16 часот, кафулињата се веќе преполни, од автомобилите се веат знамиња, се пеат навивачки песни. Сите се во дресови на хрватската репрезентација, и Хрватите, ама и странците. Фановите ги извикуваат имињата на Модриќ, Манџукиќ, Ракитиќ, Ребиќ, Врсаљко, Ловрен. На плоштадот во Загреб е вистинско лудило, на големи бимови ќе се гледа финалето. Подеднакво забавно е и на Рабац, Истра, каде што е „Репортер“ и каде се направени овие фотографии.

Scroll to Top