Глумците во МНТ откажаа престава, како поддршка на Јовановски кој доби притвор во Шутка

Директорот на МНТ, Драган Спасов-Дац ќе ги казни актерите затоа што не ја  одиграле преставата „Ничија земја“. Актерите одбиле да ја играат прествата, во знак на поддршка на приведените глумци. Дац за казната објавил на својот фејсбук профил

„Пријатели и љубетели на театарот, денеска се случи нешто што не смееше да се случи.Се откажа прества во МНТ.  Покрај мојата сугестија и наредба да се игра претстава, глумците своеволно одбија да ја играат претставата “Ничија земја”, како подршка за приведените глумци кои беа инволвирани во случувањата од 27-ми април во собранието. Сите до еден ќе бидат казнети за непослушноста и по разговорот со мене свесни се за проблемот кој го направија. Театарот постои за публиката и така ќе остане. Ова го почувствував како атак кон мене и кон нашата публика„, напиша Дац.

Инаку, целиот актерски тим, вчера излезе пред присутните во МНТ и извинувајќи и се на публиката соопшти дека во знак на протест за притворот на нивниот колега , Владо Јовнаовски, претставата нема да се одигра. Дојдента публиката беше замолена да ја напушти салата.

Scroll to Top