Триесет и четири танчари од ирската трупа „Господар на танцот“ ќе настапат вечерва во скопската ВИП арена „Борис Трајковски“. Шоуто познува во 20.15 часот, а е во организација на фестивалот „Таксират“ и „Пасворд продукција“.
Пред нив, во 19:30 часот настанот ќе го отвори националниот ансамбл за народни песни и ора „Танец“. Вратите на „Борис Трајковски“ ќе бидат отворени од 19 часот.
Танчарската атракција во Скопје се враќа по 10 години, овој пат со новото шоу „Опасни игри“, што ја претставува неверојатната авантура во борбата помеѓу доброто и злото.