Најголемиот фестивал на електронската музика кај нас, Грин бич фестивал, ова лето ќе се одржува на нова локација, во Струга. Со поддршка од локалната самоуправа во Струга, Фестивалот ќе добие и сопствена брендирана плажа, наречена „Грин бич“
Ова лето фестивалот ќе се одржи на 27 јули, а публиката ќе ја забавува најпопуларната девојка на светската електронска сцена, прогласена и за најдобар диџеј за 2017 година, Нина Кравиц.
Продажбата на билетите започнува денес (25 април). Првите 1.000 купувачи ќе може да купат влезници за „Грин бич фестивал“ по промотивна цена од 500 денари.