Хуманитарна акција „На секој му треба топлина“

Од 4 до 6 декември помеѓу 13 и 18 часот во центарот на Скопје, на улица Македонија, ќе се одржи хуманитарната акција „На секој му треба топлина“.

Организаторите на настанот кој се прошири на „Фејсбук“, апелираат до граѓаните кои имаат јакни кои не им требаат, да ги донираат за бездомниците.

„Ајде да помогнеме! Идат зисмки денови и има луѓе на кои можеме да им помогнеме! Идејата е на 4, 5 и 6 декември од 13 часот до 18 часот да ги собереме јакните кои не ни се потребни нам – но на некој друг живот му значат – и да ги ставиме низ центарот и околината на Скопје – за да може секој на кој му треба топлина да се згрее во овие студени ноќи и денови. Сите вие кои сакате да ги донирате вашите јакни може да го сторите тоа во определените денови. Ајде дечки можеме ние да го направиме ова! И секој кој сака да се приклучи и да помогне е добредојден!
Другари вие што не сте во можност да присуствувате во одредените денови, слободно може да го направите истото на своја рака во својата општина. Закачете ја својата јакна на било кое дрво – сигурно ќе се најде некој на кого му е потребна топлина!“, стои во самиот настан.

Scroll to Top