Хуманитарна „Божикна евровизија“ во Струмица

By

Вечерва учениците од СОУ „Јане Сандански“ ќе одржат два концерта во рамките на осмиот божикен традиционален хуманитирен концерт со наслов „Божикна евровизија“. Тие овој настан го организираат заедно со Младинскиот совет на Струмица, а хорот, солистите, бендот и ритмичката група од струмичката гимназија ќе испеат голем број победнички песни од Евровизија од 1974 до 2014 година.

На влезот во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица и годинава ќе биде поставена кутија за дополнителни донации. Собраните средства ќе бидат наменети за финансиска помош за лекување неколкумина струмичани.

„Музичарите и танчарите, учесници на концертот, едногласно се согласија да одржиме втор концерт истата вечер за да собереме повеќе финансии за донации. Драго ни е што повторно успеавме да разбудиме толкав интерес меѓу струмичани“, вели професорката Анита Станковска, која во изминативе осум години заедно со колегите Денис Кирчанов и Полина Ашикова го организира хуманитарниот концерт.

Концертите започнуваат во 19 и во 21 часот во НУЦК „Антон Панов“, а билетите и за двата концерта се распродадени.

Ќе ви се допадне