Kористејќи ги своите три гласа, маркантната појава и различниот сензибилитет, членките на новосадскиот бенд „Фрајле“ убедливо ја освојуваат публиката низ Балканот. Во 2024-та одбележуваат цели 15 години работа и по тој повод ја најавија својата балканска турнеја, а на нивната листа секако е и Скопје. Женското трио „Фрајле“ го најавија својот интимен концерт во „Македонска филхармонија“, на 16-ти март, следната година.
Сите оние кои барем еднаш присуствувале на нивен концерт, добро знаат каква енергија и какво музичко доживување ги очекува. Овие три вокално моќни, спонтани и шармантни дами, секогаш одново ја изненадуваат својата публика со стихови, ноти и емоции кои го допираат срцето. Зад себе имаат неколку студиски албуми, а покрај одличните авторски песни, „Фрајле“ се исклучителни и во обработките.
Свесни за впечатокот што го оставаат, знаат дека визуелниот момент на сцена е исто толку важен како и квалитетот на вокалната и инструментална интерпретација и затоа посветуваат големо внимание на сценските костими по кои се и најмногу препознатливи.
Наташа, Невена и Јелена, познати по нивната појава и музички стил кој се толкува како „Војводинско танго” во овие долги години „музичко патување” го пропатувале половина свет со својата музикa. На листата на нивни настапи се бројат и оние на 10.000 метри во авион, во Европскиот парламент, но и редица бесплатни концерти во болници и детски градинки.
Сите оние кои сакаат да ги слушнат трите дами во едно шоу, на 16-ти март можат да дојдат во „Македонска филхармонија“. Влезниците за концертот се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com