Ивана Поповска промовира нова книга

26-годишната поетеса и писател, Ивана Поповска наскоро ќе ја промовира новата книга „Утеши ме со вистината, не ме милувај со лаги“. Ова е нејзина шеста книга, овојпат збирка поезија во која има 154 песни.

„Пишувам за љубовта. Сите 154 песни се поврзани со лични искуства и со вистински случувања од љубовниот животот на моите пријателки“, рече Ивана за „Репортер“.

Книгата ќе ја промовира кон крајот на месецот.

 

 

 

 

Scroll to Top