Орце и Натка Спасоски се новите принц и принцеза на Струмичкиот карневал. Нивната маска беше избрана за најдобра, а тие беа прогласени за принц и принцеза на вечерашниот „Бал под маски“ што се одржа во хотел „Сириус“.
Орце и Натка утревечер ќе ја предводат карневалската поворка во Струмица.

На улиците на Струмица се очекува да продефилираат преку 2.000 маскирани учесници. Карневалот ќе започне во 18:30 часот.