Изложба на децата од градинката „Детска радост“ во Музеј на град Скопје

By

Денеска од 11 часот во Музеј на град Скопје ќе се одржи мултимедијална изложба на творби од децата од градинката „Детска радост“ на тема „Патување со Големата Мајка“. Изложбата е во рамките на Скопско лето.

„Мултимедијалниот проект е инспириран од детската љубопитност при посетата на Музејот на град Скопје. Го предизвика едно детско прашање: Како фигурината ‘Големата мајка’ пристигнала во оваа музејска витрина?“, велат од градинката.

Во проектот беа вклучени 93 деца на петгодишна возраст. За нив беа организирани едукативни работилници со  проф. Љупчо Ристески од ПМФ; посета на археолошкиот локалитет Тумба Маџари; работилница со глина, каде што децата ја моделираа Големата Мајка; посета на атељето на Симон Шемов и креативни работилници со децата и родителите во градинката.

„Децата цртаа и моделираа статуетки од различни материјали со повеќе ликовни техники, создаваа нови уметнички дела. Сите активности беа предизвик заедно на крајот да создадеме една необична, едукативна и уникатна сликовница со сè што работеа децата. Наша цел е оваа сликовница да биде предизвик за нови прашања и идеи, за нови проекти и сликовници кои ќе бидат вградени во сложувалката на детството“, додаваат од градинката.

 

Ќе ви се допадне