Во изложбениот салон „Империјал 2“ во КИЦ на 30.11.2017 во 20 часот ќе се отвори изложба на слики од Горан Арсовски.
Арсовски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности – Скопје во класата на професор Рубенс Корубин. Сликите за изложбата се изработени во техниката акрил на платно.
Изложбата ќе биде отворена до 12 декември.