На 11 ноември во арената „Борис Трајковски“ концерт ќе одржи српскиот музичар Жељко Јоксимовиќ, а негов специјален гостин ќе биде пејачката Јелена Томашевиќ. Организаторите „Прагма продукција“ велат дека ова е само едно од изненадувањата што публиката може да ги очекува на концертот.
Организаторите најавуваат отворање и на М блоковите во арената заради големиот интерес.