Српската пејачка Јелена Карлешуа доаѓа во Скопје. Закажан е голем концерт во дискотеката Колосеум на 2 јуни. Карлеуша е една од најпопуларните српски пејачки. Таа неодамна имаше концерт во Сплит, Хрватска, каде направила журка за паметење.
Српската пејачка, постојано објавува фотографии на социјалните мрежи, позната е по тоа што во јавноста кажува се што мисли, а наскоро ќе замине во Кина, затоа што нејзиниот сопруг Душко таму ќе игра фудбал.