„Кармина Бурана“ за отворање на новата сезона на МОБ

By

Македонската опера и балет в петок ќе ја почне новата сезона со најпопуларната сценска кантата „Кармина Бурана” од германскиот композитор Карл Орф, која репризно ќе биде изведена наредниот ден, 29 септември.

– „Кармина Бурана“ со години го привлекува вниманието на режисерите и кореографите, но и на бројната публика која постојано ја бара на тековниот репертоар, соопшти МОБ во најавата за отворањето на новата сезона.

Карл Орф ја компонирал „Кармина Бурана“ врз основа на збирка поеми, песни и текстови кои случајно ги открил во бенедиктинскиот манастир Бенедиктбеверн во местото Бура блиску до Минхен, под заедничко име „Песните од Бура“. Поемите се пишувани од патувачките монаси и независни интелектуалци, како и од студенти по теологија. Од нив Орф ја компонирал трилогијата „Трионфи“ во која покрај „Кармина Бурана“ се и „Катули Кармина“ и „Трионфо ди Афродите“. Пишувани се на латински, старофранцуски и макаронски (мешавина од горногермански или гатински дијалект и француски).

„Кармина Бурана“ во Скопје првпат  интегрално и концертно е изведена на 19 јануари 1973 година во Универзалната сала со учество на Македонската филхармонија и Хорот на АКУД „Мирче Ацев“.

Кореографијата и либретото на скопската претставата е на Кан Аслан од Турција, сценографијата на Миодраг Табачки од Србија, костимите за операта ги направи Елена Дончева, а за балетот Гизем Бетил од Турција. Диригент е Бисера Чадловска.  Ќе настапат хорот, оркестарот на МОБ, оперските солисти Наде Талевска, Катерина Стојановска, Горан Начевски и Луиџи Скифано од Италија и балетските солисти Марија Кичевска-Шокаровска,  Ивана Коцевска, Наташа Јосифовска, Саша Евтимова, Игор Веланоски и Мирослав Митрашиновиќ.

Ќе ви се допадне

TwistMoe: Wan Jie Xian Zong 2nd Season anime episode 40 online free at https://twistmoe.net english anime

AnimeDao Watch anime online in high quality with english Subbed & Dubbed

AnimeTV: Hong Kil-dong anime episode Full online free at https://animetv.cc the god of high school animetv

Watch Case File nº221: Kabukicho Episode 24

Metooo: https://www.metooo.com/u/animeflixnl

Readthedocs: https://readthedocs.org/projects/anime-flix/