Пејачката Каролина Гочева со својот бенд ќе одржи четири концерти со кои пред македонската публика ќе го промовира својот нов албум, „Извор“. Концертоте ќе се одржат во Македонската опера и балет од 23 до 26 февруари.
На концертите публиката првпат ќе има можност да ги чуе во живо сите нови песни од најновиот албум на Каролина, ама и ќе се потсети на најубавите песни од проектот „Македонско девојче“.
Влезниците за сите четири концерти ќе бидат пуштени во продажба на 24 јануари, а ќе чинат 800 денари. Со секоја купена влезница следува подарок – луксузно издание од албумот „Извор“, кое ќе може да се подигне веднаш по завршувањето на концертите.