Утре во 9 часот наутро ќе бидат пуштени во продажба влезниците за концертот Ерос Рамацоти во Скопје. Концертот на светски познатиот пејач е на 30 септември 2019 година во ВИП Арената „Борис Трајковски“. Организатори се „Авалон продукција“.
Влезницата за во партер чини 1.990 денари, за во фант пит 2.990 денари (само 1.000 влезници), за во трибина – 2.500 денари.
За во блок 2, 5, 6, 10, 11 и 14 има силвер ситс и тие чинат по 2.990 денари, а голден ситс има во блок 3, 4, 7, 8, 9 и 12 и тие чинат по 3.990 денари.
Билетите ќе може да се купат онлајн преку авалон.мк, а за истите ќе има и продажа мрежа за Македонија и Косово на повеќе продажни места, како на пример: „Југотон“, Тера Травел и ТА Метфил во Скопје.
Концертот на Ерос е во рамките на неговата светска турнеја „Животот е таму“ , која ќе почне во февруари од Монако. Турнејата е именувана по неговиот нов албум, кој ќе излезе на 23 ноември, на италијански и на шпански јазик.