„Mоја скопска приказна“ е отворен конкурс на фотографии инспирирани од фасади на објекти што го дефинираат вистинскиот идентитет на старо Скопје. Најдобрите фотографии ќе бидат претставени на изложба во Скопје во мај 2018 година, а за првонаградениот фотограф следува парична награда од 300 евра во денарска противвредност. Наградата за второ место е 150 евра, а за трето 70 евра.
На отворениот конкурс ќе се наградува најдобрaтa композиција од 5 фотографии од учесник на тема „Стари автентични скопски фасади“.
За учество потребно е да се испратат фотографии од 5 фасади, кои ќе ги прикажат архитектурата, дизајнот, автентичноста и нивната единственост. Се бара креативна композиција и јасност во фотографиите. Еден од критериумите за оценување се квалитетот и оригиналноста на фотографијата.
Фотографиите не треба да бидат помали од 1 MB и не поголеми од 5 MB. Тие мора да бидат подготвени за печатење. Сите учесници потребно е да бидат во можност да обезбедат слика со висока резолуција погодна за печатење за изложба доколку сликата е потребна.
Конкурсот е отворен до 4 aприл. Фотографи од сите возрасти и нивоа на искуство се поканети да испратат фотографии од автентични скопски фасади, со што ќе добијат можност да освојат парична награда. Фотографиите треба да се испратат преку линк на: [email protected].
Проектот е во организација на „Стримон филм“ – Скопје, а финансиски е поддржан од Делегацијата на Европската Унија во рамките на програмата за одбележување на Европската година на културно наследство 2018.