Ќе се садат дрва за „Часот на планетата Земја“

By

На 10 дена до одбележувањето на најголемата светска еколошка акција „Часот на планетата Земја“, започнува кампањата „Поврзи се со планетата“, преку која граѓаните ќе се запознаат со природните убавини и ендемичната и реликтна флора и фауна во Македонија.

„Часот на планетата Земја“ оваа година ќе се фокусира на акцијата за биолошката разновидност.

„Со оглед на тоа што планетата Земја се соочува со двоен предизвик, климатските промени и опаѓање на биодиверзитетот, нашето најголемо светско еколошко движење има за цел да ги мобилизира поединците, бизнисите и владите да бидат дел од разговорот и решенијата потребни за да се изгради здрава и одржлива иднина,“ вели Ѓорѓи Селков од регионалната канцеларија во Македонија.

За таа цел, освен исклучување на светилките на 24 март, ќе биде организирано садење дрва под мотото „Дрвца за планетата Земја“ и ќе се засадат илјадници дрва ширум Републиката. Најмасовен настан се очекува во Куманово, каде од локалната самоуправа потврдија засадување 1.000 садници на локации околу градот.

Оваа година, „Часот на планетата Земја“ ќе се одржи на 24 март, кога во 20:30 часот по локално време во мрак ќе потонат над 8.000 града во преку 180 држави ширум светот, а меѓу нив и Македонија.

 

Ќе ви се допадне