Клаудија Кардинале доаѓа во Битола

Италијанската филмска ѕвезда Клаудија Кардинале ќе добие специјална „Златна камера 300“ на Интернационалниот фестивал на филмска камера ,,Браќа Манаки“ во Битола. 80-годишната глумица наградата ќе ја добие за особениот придонес во светската филмска уметност, објавија организаторите на фестивалот.

Клаудија Кардинале во текот на својата кариера соработувала со некои од најзначајните режисери и актери во светот, меѓу кои и Федерико Фелини, Жан Пол Белмондо, Ален Делон, Серџо Леоне, Чарлс Бронсон, Хенри Фонда и други. Публиката ја памети по улогите во филмовите „Роко и неговите браќа“, „Леопард“, „Девојката со куферот“, „Фицкаралдо“. Иако е во деветтата деценија од животот, таа и понатаму снима. Досега снимила над 140 филмови.

„Браќа Манаки“ годинава се одржува по 39. пат, од 22 до 29 септември во Битола.

Scroll to Top