Концерт на Влатко Стефановски во Античкиот театар во Охрид

Легендарниот гитарист Влатко Стефановски со својот нов албум “Мајчин јазик” ќе настапи во Античкиот театар во Охрид.

Концертот е закажан за 1 август, со почеток во 22 часот, а Стефановски ќе настапи со гостите Биља Крстиќ од Србија, Теодосиј Спасов од Бугарија, Танос Ставридис од Грција, Весна Гиновска-Илкова и групата „Љубојна” од Македонија.

Албумот „Мајчин јазик“ излезе кон крајот од минатата година, а Влатко одржа концерти во Македонската филхармонија.

Scroll to Top