Лени Кравиц доаѓа во Скопје

Популарниот музичар Лени Кравиц на 3 мај ќе има концерт во Скопје во ВИП Арената. Скопскиот концерт е во рамки на европската турнеја по повод излегувањето на новиот албум „Raise Vibration”. Од сите земји во регионот, Скопје и Софија се единствените градови каде се организирани негови концерти.

„American Woman”, „Are You Gonna Go My Way”, „Believe”, „Fly Away”, „Again”, „Let Love Rule”, „Chamber”, се само дел од хитовите со кои настапи во Скопје. Сите детали околу влезниците за овој концерт ќе бидат објавени во понеделник навечер. Организатори се „Авалон Продукција“.

Scroll to Top