Македонската фолк-елитата ќе пее на фестивалот „Роса“

Миле Кузмановски, Благица Павловска, Наум Петрески, Ленче Кукиќ, Сузана Гавазова, Јордан Митев, Горан Кукиќ, Марјан Коцев, Благоја Грујовски се дел од македонските пејачи што ќе настапан на 19. издание на фолк-фестивалот „Роса“. Фестивалот на новокомпонирана народна музика ќе се одржи на 26 октомври во МОБ. По повод 25-годишнината од постоењето на организаторот, радио „Роса“, пејачите ќе пеат во живо, а ќе ги придружува оркестарот „Браќа Нуне“.

Фестивалот е ревијален, како и секоја година. Сепак, ќе бидат доделени награди за животно дело, а годинешни добитници се Наум Бурназ, Нино Величковски и Ферус Мустафов.

Scroll to Top