Кошаркарот на Работнички, Маркус Гинјард, денес се обрати пред младите на ЦИЕАШ Кошаркарскиот турнир за средношколци во ВИП Арената „Борис Трајковски.
„Имав помалку од 5 години кога прв пат ја фатив кошаркарската топка во моите раце и од тогаш сè уште е со мене. Мојата фамилија, моите пријатели и моите колеги секогаш биле катализаторот за секоја одлука која ја имам направено на професионален план. Тие ме движат низ животот и колку и да се далеку сега, јас го чувствувам тоа, и затоа сакам да го споделам со вас. Секој еден од вас е одговорен за себеси, но и за тој до вас, пред вас, и за тие зад вас. Животот е како кошарката каде ја подаваш топката на некој друг, шутираш, даваш сè од себе, тренираш и работиш напорно за да ја оствариш целта, да победиш. Ако се повредиш, ако изгубиш, треба да станеш и да повториш сè, никогаш да не се предадеш. Прави го тоа што те прави среќен и прави го често, прави го толку многу за тоа да биде тоа што ќе ги направи твоите соништа толку реални што ќе можеш да ги почувствуваш во сопствените раце.“, порача Маркус Гинјард на отворањето.
ЦИЕАШ Кошаркарскиот турнир за средношколци ќе се одржи од 8ми до 10-ти март во „Борис Трајковски“. Вкупно 6 тима од Бугарија, Латвија, Украина, Турција, Азербејџан и Македонија, вклучувајќи го и „Нова“, ќе учествуваат на турнирот.