Андреа Бочели со порака до обожавателите: Славниот тенор ја продолжува светската турнеја

Италијанскиот тенор Андреа Бочели се подготвува за нови концерти во Северна Америка, каде што во декември ќе продолжи неговата светска турнеја „Romanza“.

Во објава на Инстаграм, Бочели им се заблагодари на публиката, оркестарот и гостите што настапувале со него, посочувајќи дека нивната поддршка го направила концертното патување посебно.

Тој порача дека музиката има моќ да ги обединува луѓето и дека со радост очекува повторно да ги сподели тие емоции со публиката, пренесува магазинот „Гуд хаускипинг“.

Меѓу претстојните настапи е и концертот во „Медисон сквер гарден“ во Њујорк на 16 декември. Предвидени се настапи и во Бостон, Питсбург и Филаделфија.

Турнејата го одбележува и 30-годишниот јубилеј на албумот „Romanza“, едно од најпознатите изданија во кариерата на Бочели. Според најавата, концертното патување ќе продолжи и во 2027 година.

Извор: Good Housekeeping

Scroll to Top