Легендарниот трип-хоп бенд „Морчиба“ ќе настапи како хедлајнер на 22 јуни, вториот фестивалски ден на „Скопје колинг“, викендот помеѓу настапите на Аксвел и Ингросо и „Тексас“ и Дарко Рундек.
„Морчиба“ во Скопје ќе се претстави со хитови од претходните албуми, а ќе ги промовира и песните од новиот албум Blaze Away што треба да излезе во продажба од 1 јуни.
Бендот постои од 1995 година. Тие имаат продадено преку 10 милиони промероци од своите албуми, а најпознати се по хитовите Enjoy the Ride, Rome Wasn’t Built in a Day, Trigger Hippie.
Билетите за настапот на „Морчиба“ се веќе во продажба, а чинат 1000 денари за партер и 1500 денари за фан пит.