Од 21 до 24 јуни започнува Скопје Стрит Фестивал. Концептот кој го нуди годинава, е со цел на граѓаните да им се овозможи на улиците и во своите маала да слушнат квалитетна музика, која инаку ја има само на официјалните сцени и во концертните сали.
Со тоа, градот Скопје ќе се претвори во музичка сцена под отворено небо.
За време на фестивалот посетителите ќе можат да слушнат Rock and Roll, Jazz, Bossa Nova, етно, класична и филмска музика. Покрај тоа ќе настапат и специфични состави со француски шансони, еврејска музика и хорско пеење. На репертоарот ќе биде застапена авторска музика но и преработки на познати песни.
Локациите на кои ќе се одржува фестивалот се: Плоштад Македонија, Градски Парк, ТЦ Лептокарија, Паркот кај авиончето во Ново Лисиче, Плоштад Скендербег, платото пред Универзална сала и Боемска улица. Настапите ќе започнуваат во три термини: од 18:00, 20:00 и 22:00 часот, а на последниот ден од фестивалот настапите ќе почнат во 12:00 часот.
Ко-организатор на фестивалот е Конгресен центар Александар Македонски, а покровител е Град Скопје.