На 14 ноември со почеток во 20:30 часот во ВИП Арена „Борис Трајковски“ македонската публика ќе има можност да ужива во најдоброто трибјут Пинк флојд шоу на светот, Brit Floyd.
Brit Floyd имаат цел да го оживеат „Пинк флојд“ во секоја нота и секој потег, па затоа се сметаат за бенд најблиску до „Пинк флојд“. Во Скопје ќе настапат со најголемите хитови на бендот, придружени со оригинални видеа и анимација, како и препознатлива бина со лак и светлосен круг во стилот на „Пинк флојд“.
Brit Floyd доаѓаат со своја продукција: звук, светло и видео.