Хрватската поп-пејачка Нина Бадриќ на 9 јуни ќе одржи прв солистички концерт во Скопје. Таа ќе настапи во Македонската филхармонија.
Бадриќ е пејачка со најмногу продадени албуми во Хрватска. Таа во скорешното интервју за „Репортер“ рече дека е неверојатно како во 25 години кариера никогаш не одржала концерт во Скопје.
„Конечно, ќе речам: ‘Добар ден Скопје’. Тоа е неправда што ќе ја исправам. Имало договори, ама никогаш не се реализирале до крајот. Сум настапувала и во Штип, во Струмица, неколку пати и во Скопје, ама никогаш сум немала свој концерт. Затоа си ветив дека ќе доаѓам почесто во Македонија“, реше тогаш Нина.
Пејачката деновиве ја промовира новата песна „Мијења се вријеме“, а лани беше актуелна со песната „Дани и године“ за која доби многу награди.
Влезниците за концертот се веќе во продажба, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се и онлајн преку веб страницата на ККЗС по цена од 1.200 и 1.500 денари.