Ноемвриски саем на книгата во „Култура“

By

Издавачката куќа „Култура“ го слави 72. роденден, а во роденденскиот месец читателите имаат можност да купат книги по намелени цени и да бидат дел од многубројни промоции и гостувања на автори. Саемот на книгата ќе започне на 14 ноември со промоцијата на светскиот хит „Потекло“ на Ден Браун, кој светската премиера ја имаше пред само еден месец.

dobivaj vesti na viber

Роберт Лангдон, професор по симбологија и религиска иконологија на „Харвард“, пристигнува во ултрамодерниот музеј „Гугенхајм“ во Билбао за да присуствува на едно многу важно соопштение – објавувањето откритие кое засекогаш ќе ја промени науката. Домаќин на вечерта е Едмонд Кирш, четириесетгодишен милијардер и футурист чии пронајдоци и смели предвидувања го направиле светски почитувана личност. Кирш, кој пред две децении бил еден од првите студенти на Лангдон на „Харвард“, само што не објавил едно неверојатно откритие… Но, детаљно испланираната вечер одеднаш се претвора во хаос, а на скапоценото откритие на Кирш му се заканува опасност да биде загубено засекогаш, пишува во синопсисот на книгата на Браун.

Традиционалниот ноемвриски саем ќе трае до 25 ноември.

Ќе ви се допадне

go88 ông đồ go88 ol gtank ufo go88

sunwin âu mỹ Sunwin - Nhà cái Game Bài Đổi Thưởng Hay Nhất 2022 đại lý sunwin