Новогодишен базар на плоштад „Македонија“

Од утре (23 декември) на плоштадот „Македонија“ ќе се одржува новогодишен базар под мотото „Улицата на радоста“. Посетителите ќе можат да најдат рачно изработени предмети, подароци, ќе се загреваат со топли напитоци, можат да купат вкусна храна и да слушнат добра музика. Новогодишниот базар е во соработка со Здружението на граѓани Мата (Македонска артисанска трговска асоцијација) и ќе трае до 31 декември.

Од 28 декември децата ќе можат да се дружат со ликовите од детската претстава „Дедо Мраза во пензија“ и да прошетаат заедно со новогодишната музичка парада.

И годинава традиционално на 31 декември точно на пладне Дедо Мраз ќе пристигне на плоштадот „Македонија“.

Scroll to Top