Во пресрет на 63 – то издание на музичката манифестација Евровизија 2018, обложувалниците ширум Европа веќе ги имаат фаворитите. Песната на изреалската претставничка Нета, насловена како ,,Toy’’ веќе има над 3,5 милони прегледи, и моментално е фаворит во обложувалниците, но и на страниците посветени на Евровизија.
Веднаш зад неа се наоѓаат Естонија, Шведска, Чешка, Белгија, Австралија, Бугарија, Грција… Македонија не е помеѓу фаворитите и има околу 614 илјади прегледи досега.
Нашата земја ќе ја претставува групата ,,Ај кју’’ со песната ,,Lost and found’’ која беше избрана по пат на конкурс. Настанот годинава ќе се одржи во Лисабон, Португалија, од 8 до 12 мај. Македонија ќе настапи на првата полуфинална вечер, на 8-ми мај. Заедно со нас ќе се натпреваруваат и Бугарија, Албанија, Грција, Хрватска, Белорусија, Литванија, Чешка, Белгија, Исланд, Азербејџан, Израел, Естонија, Швајцарија, Финска, Австрија, Ирска, Ерменија и Кипар.
Во втората полуфинална вечер, на 10 мај, ќе се натпреваруваат: Русија, Србија, Данска, Романија, Австралија, Норвешка, Молдавија, Сан Марино, Холандија, Црна Гора, Шведска, Унгарија, Малта, Летонија, Грузија, Полска, Словенија и Украина.