Од денес на пладне во претпродажба билетите за „Ентер фест“

Денес точно напладне ќе започне претпродажбата на билетите за петдневниот музички фестивал „Ентер фест“ што ќе се одржи во Скопје од 29 мај до 2 јуни. Цената за комплет билети за сите фестивалски денови во претпродажба чини само 990 денари.

Истовремено ќе се одржи прес-конференција на која организаторите ќе ги откријат имињата на музички ѕвезди што ќе настапат во Скопје. На две големи сцени, поставени во и пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе настапат шеесетина музичари, популарни бендови и диџеи. Организаторите засега открија дека ќе настапи и пејачката Ера Иштрефи, најпозната со хитот „Бон-бон“.

Фестивалот има за цел на едно место да ги спои сите љубители на добрата музика од Македонија и од соседните земји. Освен што велат дека ќе има музика за сечиј вкус, организаторите додаваат и дека на посетителите ќе им понудат најевтино квалитетно пиво, по цена од 80 денари.

Scroll to Top